Холивуд поделен: контроверзи и двојни стандарди
Свет
3 мин читање
Холивуд поделен: контроверзи и двојни стандардиМексиканската актерка Мелиса Барера, на пример, беше отпуштена од Spyglass Media откако на социјалните мрежи ги означи акциите на Израел во Газа како „геноцид“
Холивуд поделен
27 февруари 2025

Холивуд долго време се позиционира како гласот на правдата и еднаквоста, но критичарите тврдат дека неговата поддршка слабее кога станува збор за палестинската кауза. Во 2024 година, оваа тензија достигна нови височини, со актери, режисери и цели студија фатени во вкрстен оган на активизмот и индустриската политика.

Пропалестинските гласови во Холивуд, наводно, се соочуваат со сериозни последици. Упатените во индустријата тврдат дека актерите кои изразуваат солидарност со Палестина ризикуваат да ги загубат улогите и да се соочат со реакции на јавноста.

Мексиканската актерка Мелиса Барера, на пример, беше отпуштена од Spyglass Media откако на социјалните мрежи ги означи акциите на Израел во Газа како „геноцид“.

Слично на тоа, Сузан Сарандон го загуби своето застапување во агенцијата за таленти откако направи паралели меѓу стравовите на еврејската заедница и системското насилство врз муслиманите во САД.

Улогата на египетско-палестинската актерка Меј Каламави во Гладијатор 2, наводно, била значително намалена, дополнително поттикнувајќи ги обвинувањата за системска пристрасност.

Борбата не е ограничена само на актерите. Маха Дахил поднесе оставка од Одборот на директори на Агенцијата за креативни уметници, откако нејзините позиции во кои го обвинуваше Израел за геноцид предизвикаа контроверзии. Сценаристот Арон Соркин ја напушти агенцијата во знак на солидарност со Дахил, и покрај тоа што нема ист став со неа, смета дека не е антисемит.

И покрај ризиците, многумина одбија да молчат. Над 260 актери, вклучувајќи ги Кејт Бланшет, Марк Руфало и Хоакин Феникс, потпишаа отворено писмо во кое ја повикуваат американската влада да се заложи за прекин на огнот во Газа.

Во писмото, исто така, се осудува наводната црна листа на пропалестински гласови од Холивуд.

На доделувањето на Оскарите во 2024 година, познати личности како Рами Јусеф, Ава ДуВернеј и Риз Ахмед носеа иглички за поддршка на кампањата Artists4Ceasefire. Актерската екипа на Анатомија на падот истакна палестински знамиња, нагласувајќи го својот став за војната.

Меѓутоа, не сите во Холивуд се усогласија со пропалестинското движење. Средбата на Арнолд Шварценегер со израелските заложнички семејства, за време на која тој понуди симболични подароци, ги зајакна произраелските наративи. Гал Гадот, исто така, се најде на насловните страници за нејзината силна поддршка на Израел, дополнително поларизирајќи ја индустријата.

Ниту стриминг гигантот Нетфликс не ја избегна контролата врз наративите. Доделувањето на улогата на Марија на израелската актерка Ноа Кохен, во библискиот еп „Mary”, предизвика остри критики, при што критичарите тврдеа дека „го избришал палестинскиот идентитет на семејството на Исус во текот на израелската војна врз Газа“.

Двоумењето на индустријата да финансира проекти за справување со војната на Израел врз Газа, освен ако тие не се усогласат со одреден наратив, е означено како лицемерно. Додека Холивуд тврди дека се залага за слобода на говор и креативност, критичарите тврдат дека неговите постапки откриваат двојни стандарди.

2024 година го истакна сложениот и честопати контрадикторен пристап на Холивуд кон палестинската борба. Додека некои уметници ги ризикуваа своите кариери за да се залагаат за правда, други се соочија со реакција поради нивниот молк или спротивставени ставови. Во индустријата што ги обликува глобалните наративи, справувањето на Холивуд со ова длабоко поларизирачко прашање останува под интензивен надзор.

повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us