Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека САД немаат солидна стратегија за ставање крај на руско-украинската војна, известува Анадолу.
Претседателот Стуб одговараше на прашањата на новинарката Лаури Нурми од финскиот весник „Илталехти“.
„Верувам дека трансатлантските односи пропаѓаат“, истакна Стуб.
Потенцирајќи дека САД немаат солидна стратегија за ставање крај на руско-украинската војна, Стуб тврдеше дека затоа Европа мора да преземе одговорност.
Стуб повика на „мировен пристап, ориентиран кон решение“.
Стуб, кој се спротивстави на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој украинскиот претседател Владимир Зеленски го нарече „диктатор што не одржува избори“, претходно во една своја изјава рече дека го поддржува Зеленски и додаде дека треба да се изврши максимален притисок врз Русија во разговорите за ставање крај на војната.
Финска смета дека треба да се зачува суверенитетот на Украина и дека таа земја треба да има право да им се приклучи на НАТО и на Европската Унија (ЕУ).