Свет
1 мин читање
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Тимовите на сириската цивилна одбрана пронајдоа масовна гробница со околу 50 тела во подрумот на зградата што ја користел соборениот режим на Баас за затворање цивили во регионот Сибејн во Дамаск
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
#NKH08 : Хајат Тахрир ал-Шам (HTS) напад, соборување на претседателот Башар ал-Асад
27 февруари 2025

Масовна гробница со тела на цивили убиени за време на владеењето на соборениот режим на Башар ал Асад е откриена во регионот Сибејне во Дамаск, главниот град на Сирија.

По соборувањето на режимот Баас, масовните гробници продолжуваат да излегуваат на виделина како резултат на претресите и теренските истражувања низ целата земја.

Тимовите на сириската цивилна одбрана пронајдоа масовна гробница во подрумот на зградата што ја користеше соборениот режим на Баас за затворање цивили во регионот Сибејн во Дамаск.

Амар Салмо од Цивилната одбрана изјави дека екипи кои пристигнале во зградата откако граѓанин пријавил инцидент, ги пронашле посмртните останки.

Се претпоставува дека поединците изгореле откако биле убиени.

Салмо истакна дека тимовите ги идентификувале останките на 20 лица, но тој број може да се зголеми на 50.

Тој истакна дека телата се изгорени со гуми, а на остатоците има траги од прострелни рани. Меѓу убиените има и деца.

Се претпоставува дека во Сирија има голем број масовни гробници кои се уште не се откриени.

повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us