Јазикот на емоциите - Што открија истражувачите?
Свет
3 мин читање
Јазикот на емоциите - Што открија истражувачите?Научници од Универзитетот на Северна Каролина и Институтот Макс Планк направиле интересно истражување за тоа како се изразуваат емоциите на различни јазици. Тие проучувале како емоциите меѓу кои лутина, страв и радост се изразуваат во скоро 2.500 јазици од целиот свет. Нивните откритија, објавени во списанието „Science“, се навистина фасцинантни.
Јазикот на емоциите
27 февруари 2025

Дали некогаш сте се запрашале дали љубовта, лутината или радоста се доживуваат исто во различни култури и јазици? На пример, на италијански се вели „amore“, на турски „sevgi“, а на албански „dashuri“. Но дали овие зборови носат исти чувства и значење во различни јазици?

Научници од Универзитетот на Северна Каролина и Институтот Макс Планк направиле интересно истражување за тоа како се изразуваат емоциите на различни јазици. Тие проучувале како емоциите меѓу кои лутина, страв и радост се изразуваат во скоро 2.500 јазици од целиот свет. Нивните откритија, објавени во списанието „Science“, се навистина фасцинантни.

Се чини дека начинот на кој размислуваме за емоциите може да зависи од јазикот што го зборуваме. Некои зборови за емоции се толку единствени што изгледаат како да припаѓаат само на една култура.

На пример, македонскиот збор „инает“ се однесува на пркос, но и поведение кое е штетно, најчесто за самиот сторител и нема директен превод на многу други јазици.

Исто така, зборот „awumbuk“ од јазикот на народот Баининг од Папуа Нова Гвинеја, го опишува чувството на празнина кога гостите ќе си заминат. Но, не се само зборовите за уникатни состојби. Што е со емоциите кои се најчести?

Истражувачите проучувале зборови со повеќе значења. На пример, зборот „funny“ на англиски може да значи необичен но, и смешен. Така создале мрежа на повеќезначни зборови и споредба на емоциите на различни јазици. Некои емоции слично се именувани во различни јазици, но нивното значење многу се разликува.

На пример, во некои јазици „изненадувањето“ е тесно поврзано со „страв“, додека во други е поврзано со „надеж“ и „желба“. Слично на тоа, „вознемиреност“ може да биде поврзана со „лутина“ во еден јазик, а со „тага“ во друг. Дури и поимот „гордост“ може да предизвика различни емоции - било позитивни или негативни - во зависност од културниот контекст.

Истражувањето исто така покажа дека јазичните семејства кои се географски блиску често имаат слични начини на групирање на емоциите. Но, и покрај разликите, постојат и универзални шеми. Сите јазици прават разлика меѓу пријатни и непријатни емоции, и меѓу оние што вклучуваат ниски или високи нивоа на возбудливост. На пример, многу ретко некој јазик ја меша смиреноста на тагата со интензитетот на лутината, или среќата на радоста со жалењето за направена грешка.

Ова ја поддржува идејата дека одредени примарни емоции се вградени во нашиот мозок - нешто што го делиме со другите цицачи. Сепак, во текот на илјадници години, луѓето ги надградиле овие основни емоции, создавајќи разновиден опсег на емоционално изразување.

Затоа, следниот пат кога ќе чуете некој да се повикува на емоција на друг јазик, имајте в предвид дека историјата и културата ги обликувале различно од тоа што ви е познато на вас.

повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us