Соединетите Американски Држави доставија нота за согласност за назначувањето на Александар Дарчиев за нов руски амбасадор во Вашингтон, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Беше прецизирано дека за време на консултациите меѓу делегациите на Русија и САД за прашањата за нормализирање на функционирањето на дипломатските претставништва на двете земји, што се одржаа на 27 февруари во Истанбул, САД доставиле договор за именување на директорот на Северноатлантскиот оддел на руското МНР Александар Дарчиев за нов руски амбасадор во САД, јави ТАСС.
Се очекува во блиска иднина да ги преземе своите должности во Вашингтон.
Весникот „Комерсант“, повикувајќи се на извори, претходно напиша дека директорот на северноамериканскиот оддел на руското МНР, поранешен амбасадор во Канада, Александар Дарчиев, е најверојатниот кандидат за функцијата руски амбасадор во САД.
Руското Министерство за надворешни работи, коментирајќи ги наводите на весникот, истакна дека Москва одамна донела одлука за кандидатот за нов руски амбасадор во САД, но дека нема да го коментира процесот „поради постоењето на законски ограничувања“.
Во октомври минатата година, рускиот претседател Владимир Путин го разреши Анатолиј Антонов од функцијата амбасадор во САД, без да назначи негова замена.
Антонов (69) на таа функција е од 2017 година.
Антонов замина во време кога односите меѓу двете земји беа на најниско ниво во последните години.