Истражување: Вештачката интелегенција нè прави помрзеливи и поглупави
Истражување: Вештачката интелегенција нè прави помрзеливи и поглупави„Поголемата доверба во вештачката интелигенција е поврзана со намаленото критичко размислување, а поголемата самодоверба со посилното критичко размислување“, тврди тим составен од научници од Универзитетот Карнеги Мелон.
Истражување: Вештачката интелегенција нè прави помрзеливи и поглупави
27 февруари 2025

Корисниците на вештачката интелигенција (ВИ) кои им дозволуваат на ботови да размислуваат на работа, го земаат полесниот пат, кој е штетен за нивниот ум, покажа новото истражување.

Истражувањето на 300 вработени во Мајкрософт, креаторот на системот за вештачка интелигенција Copilot, покажало „самопријавено намалување на когнитивниот напор“ на многу корисници кои користат вештачка интелигенција на работа на повеќе од 900 начини.

Доколку се користат „на погрешен начин, технологиите резултираат со намалување на когнитивните способности што треба да се зачуваат“, предупредуваат научниците во трудот што ќе биде претставен кон крајот на април и почетокот на мај на конференција за компјутери и човечки фактори во Јокохама, Јапонија.

„Поголемата доверба во вештачката интелигенција е поврзана со намаленото критичко размислување, а поголемата самодоверба со посилното критичко размислување“, тврди тим составен од научници од Универзитетот Карнеги Мелон.

Со други зборови, употребата на вештачка интелигенција може да резултира со тоа на луѓето да им останат секојдневни, едноставни задачи како проверка на често непредвидливото однесување на ботови, наместо когнитивно потешките задачи за креирање стратегии и решавање на проблеми, сугерира истражувањето.

„Генеративната вештачка интелигенција го менува критичкото размислување кон валидација на информации, интеграција на одговорите и управување со задачи“, објави тимот на Microsoft-CMU по евалуацијата на одговорите на своите вработени кои користеле ботови како ChatGPT за задачи како пишување е-пошта или прегледување на работата на нивните колеги.

ИЗВОР:TRT Balkan
повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us