Автор Адмир Фазлагиќ
27 февруари 2025
Главниот град на Сирија, Дамаск, продолжува со секојдневниот живот нудејќи им на своите граѓани уживање со неговите историски градби и локалитети.
Сиријците продолжуваат со животот уживајќи во прошетките и посетата на познатите локалитети низ слободен Дамаск, по соборувањето на режимот на партијата Баас, кој владееше во земјата цели 61 година, и крајот на ерата на семејството Ал Асад.
Една од најпознатите историски градби во градот и воопшто во земјата е Омајадската џамија. Сместена во срцето на старото јадро на Дамаск, оваа џамија, која датира од 8 век, е сведок на вековната историја на регионот.