Свет
1 мин читање
Москва и Вашингтон се договориле за финансирање на амбасадите
САД и Русија договориле заеднички чекори за непречено финансирање на нивните дипломатски мисии на реципрочна основа и да се создадат соодветни услови за дипломатите да ги извршуваат своите службени должности
Москва и Вашингтон се договориле за финансирање на амбасадите
Москва и Вашингтон се догвориле за финансирање на амбасадите
пред 3 часа

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Москва и Вашингтон се договориле за чекорите за отстранување на пречките за финансирање на нивните амбасади.

Коментирајќи го исходот од вчерашните разговори во Истанбул, во соопштението на министерството се вели дека „дискусиите биле водени на смислен и деловен начин“.

Руската делегација беше предводена од Александар Дарчиев, директор на Северноатлантскиот оддел, додека американската делегација беше предводена од Соната Култер, заменик помошник државен секретар за надзор на политиката кон Русија и Централна Европа.

“Двете страни се согласија за заеднички чекори за да се обезбеди непречено финансирање на нивните дипломатски мисии на реципрочна основа и да се создадат соодветни услови за дипломатите да ги извршуваат своите службени должности”, се вели во соопштението на министерството.

Министерството, исто така соопшти дека Русија го покренала прашањето за нејзиниот дипломатски имот во САД, поточно шест недвижнини кои биле „незаконски запленети“ помеѓу 2016 и 2018 година.

“Дополнително, Русија предложи САД да размислат за обновување на директните летови и ја истакна потребата од опипливи резултати кои ќе помогнат да се подобрат билатералните односи во интерес на двете нации”, се вели во соопштениео на министерството.

повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us