Јапонскиот стартап Дајмун соопшти дека го лансирал својот ултра компактен ровер за досега првото приватно истражување на Месечината.
Месечевиот ровер беше лансиран од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида со ракета Фалкон 9 на Спејс Екс, бидејќи компанијата со седиште во Токио се обидува да стане првата приватна компанија во светот што ќе ја истражува и фотографира површината на Месечината.
Роверот именува Јаоки, тежи речиси половина килограм, има должина и ширина од околу 14 сантиметри и висина од 8 сантиметри.
Роверот се очекува да стигне до лунарниот јужен пол на почетокот на март. Околу 50 луѓе го следеа преносот во живо од лансирањето во музејот Спејс Травелиум во Токио.
Името на роверот потекнува од јапонската поговорка „нана короби, ја оки“, која се преведува како „седум пати падни, осум стани“, истакнувајќи ја неговата способност постојано да се враќа во исправена положба откако ќе се преврти.
По слетувањето на Месечината, на Јаоки ќе му бидат потребни околу пет дена за да се аклиматизира на температурата пред да биде активиран. Потоа ќе биде далечински управуван од Земјата за снимање и пренос на слики.