Регион
3 мин читање
Ердоган- Мицкоски: Туркије и С. Македонија ќе формираат Совет за соработка на високо ниво
Во изминатите 30 години нашите односи станаа силни како Камениот мост во Скопје, денеска продолжуваме да работиме со убедување дека Балканот не треба да биде област на конкуренција, туку на соработка, рече Ердоган по средбата со македонскиот премиер
Ердоган- Мицкоски: Туркије и С. Македонија ќе формираат Совет за соработка на високо ниво
Ердоган изрази желба да го посети Скопје на првиот состанок на Советот на механизмот за соработка на високо ниво Туркије- Северна Македонија
пред 6 часа

Со Северна Македонија сме две пријателски земји кои заедно придонесуваат директно за мирот и стабилноста на Балканот, порача денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од Истанбул.

Ердоган одржа заедничка прес-конференција со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој престојува во посета на земјата, а со кого најавија продлабочување и интензивирање на соработката во сите области на билатерално, регионално и глобално ниво, откако потпишаа политичка декларација за основање Совет за соработка на високо ниво меѓу владите на двете држави.

Ердоган изрази желба да го посети Скопје на првиот состанок на Советот на механизмот за соработка на високо ниво Туркије- Северна Македонија.

„Лани имавме трговска размена од милијарда долари кои треба да ги удвоиме во првата прилика. Нашите компании успешно ги продолжуваат своите активности со инвестиции кои се приближуваат до бројката од две милијарди долари во многу области, особено во секторите како што се банкарството, здравството, образованието, туризмот и обновливите извори на енергија“, рече Ердоган.

Тој додаде дека разговарале и за ажурирање на договорот за слободна трговија, соработката во областа на одбраната и одбранбената индустрија и потсети дека Туркије е меѓу првите земји што ја призна независноста на Северна Македонија.

Ердоган истакна дека Туркије и Северна Македонија се пријателски земји, сојузници во НАТО кои директно придонесуваат за мирот и стабилноста на Балканот.

„Во изминатите 30 години нашите односи станаа силни како Камениот мост во Скопје. Денеска продолжуваме да работиме со убедување дека Балканот не треба да биде област на конкуренција, туку на соработка“, рече турскиот претседател.

Особено се осврна на придонесот на турската заедница во Северна Македонија во односите меѓу двете земји, а Ердоган најави продолжување на заедничката борба против терористичката организација ФЕТО.

„Јас и мојот драг пријател Мицкоски разменивме мислења и за глобалните и регионалните прашања, особено за Украина и Газа. Ја истакнавме нашата поддршка за тековните преговори за воспоставување мир во Украина. Ја потврдивме нашата заедничка волја за решение со две држави за ослободување на Палестина од окупацијата“, рече Ердоган.

Мицкоски, пак, истакна дека неговата средба со претседателот Ердоган е „потврда за традиционалното пријателство, силното партнерство и стратешката соработка меѓу двете земји“.

Мицкоски рече дека ова е негова прва посета на „пријателска Туркије со која имаме многу заеднички елементи во културата, традицијата и одлични односи на македонскиот и турскиот народ“.

Тој порача дека како држава, Северна Македонија е посветена на градење цврсто партнерство и потврда за македонско-турското пријателство на економски, политички и културен план.

„Ова е значаен чекор за односите меѓу двете земји а основите на ова се содржани во документот Стратегија за зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Туркије потпишан уште во 2008 година. Со цел да го развиеме стратешкото партнерство донесовме одлука за основање совет на високо ниво чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите обалсти од заеднички интерс на билатерално, регионално и глобално ниво“, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Тој најави продлабочување на соработката во повеќе области со особен акцент на трговската размена, а разговарале и за соработката во безбедноста, образованието, културата и здравството.

„Двете земји се сојузници во НАТО, а нашиот заеднички приоритет е стабилноста и безбедноста во регионот. Посветени сме како држава на градење цврсто партнерство и потврда за македонско-турското пријателство на економски, политички и културен план“, рече Мицкоски.



повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us