Регион
1 мин читање
Вучиќ: Санкциите за нафтената индустрија на Србија се одложени за 30 дена
Србија побара 90-дневно одложување од Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) на американското Министерство за финансии на почетокот на февруари, наведувајќи дека ѝ е потребно време да ги спроведе промените што САД ги побараа за НИС
Вучиќ: Санкциите за нафтената индустрија на Србија се одложени за 30 дена
Вучиќ истакна дека ќе се гради нов нафтовод Нови Сад - Алгјо.
27 февруари 2025

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека американските санкции кон нафтениот сектор во земјата се одложени за 30 дена.

Вучиќ на својот профил на социјалните мрежи сподели официјален документ пратен до Србија од американското Министерство за финансии, во кој се наведува дека САД до 28 март го одложиле спроведувањето на санкциите кон Српската нафтена индустрија (НИС), со која управува руски „Газпром Нефт“.

„Имаме уште 30 дена за НИС. Ова е добра вест за народот на Србија“, наведе Вучиќ во објавата.

Во изјавата дадена од американското Министерство за финансии на 10 јануари се вели дека се преземаат сеопфатни чекори за исполнување на заложбите на Г-7 за намалување на приходите на Русија од енергетиката и дека два од главните руски производители и извозници на нафта, „Гаспром Нефт“ и „Сургутнефтегас“, како и нивните подружници, се додадени на списокот на санкционирани.

На списокот со санкционирани се најде и НИС, која е подружница на „Гаспром Нефт“.

Србија побара 90-дневно одложување од Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) на американското Министерство за финансии на почетокот на февруари, наведувајќи дека ѝ е потребно време да ги спроведе промените што САД ги побараа за НИС.

повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us