Опен АИ: Алатката Сора сега достапна во ЕУ и Велика Британија
Освен во ЕУ и Велика Британија, Сора сега може да се користи од технолошки ентузијасти во Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд, а засега оваа опција е достапна само за претплатниците на Чет ГПТ Плус или Про пакетите, пренесува Теч Кранч
Опен АИ: Алатката Сора сега достапна во ЕУ и Велика Британија
Компанијата, исто така, ја претстави раната верзија на својот нов модел на вештачка интелигенција,ГПТ-4.5
пред 4 часа

Компанијата за вештачка интелигенција Опен АИ со седиште во Калифорнија денеска објави дека нејзината алатка за претворање на текст во видео- Сора сега е достапна во Европската унија и во Обединетото Кралство.

Покрај тоа, Сора сега може да се користи од технолошки ентузијасти во Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд, пренесува Теч Кранч.

Засега оваа опција е достапна само за претплатниците на Чет ГПТ Плус или Про пакетите.

„Сора е во состојба да генерира сложени сцени со повеќе ликови, специфични типови на движења и точни детали за темата и заднината. Моделот разбира не само што барал корисникот, туку и како постојат работите во физичкиот свет“, се вели на веб-страницата Опен АИ.

Компанијата првпат ги прикажа можностите на алатката Сора пред една година, а во декември им овозможи на корисниците од одредени региони да пристапат до неа и да креираат свои снимки.

Компанијата, исто така, ја претстави раната верзија на својот нов модел на вештачка интелигенција,ГПТ-4.5, во четвртокот, истакнувајќи дека е подобар во препознавањето и одговарањето на советите во пишаните прашања на корисниците, како и дека е особено вешт во разговорот, пишувањето и кодирањето.

Најновиот модел моментално е достапен само за претплатниците на месечниот пакет Чет ГП Про.


повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us