Надлежните општински служби ја чистат и уредуваат убавицата на Истанбул, џамијата Аја Софија, пред избраниот муслимански месец Рамазан.
Општина Фатих деновиве организираше чистење, дератизација и уредување на џамиите и нивните хареми, вклучително и 1.500 години старата Аја Софија во историскиот истанбулски кварт Султанахмет.
Внатрешноста на џамијата била испрскана со миризлива вода од рози, а харемот бил измиен со топла вода.
На 24 јули 2020 година, по 86 години, Аја Софија повторно беше отворена за верски обреди и петочни молитви.
Првично служела како црква 916 години, до освојувањето на Истанбул. Како џамија се користи од 1453 до 1934 година, кога добила статус на музеј.
На 10 јули 2020 година турскиот суд ја поништи владината одлука со која на 24 ноември 1934 година на Аја Софија ѝ беше доделен статус на музеј. Со поништување на гореспоменатата одлука, на Аја Софија ѝ е вратен статусот на џамија.
Како една од најпосетуваните туристички дестинации во Истанбул, Аја Софија во 1985 година е вклучена на листата на светско наследство на УНЕСКО.