Дали некогаш сте помислиле дека ТикТок како да знае што точно сакате да гледате, дури и пред да скролнете? Како да ви ги чита мислите, нели? Епа, не сте само вие. Ајде, да се обидеме да откриеме како!
Клучно за успехот на ТикТок е во алгоритмот. Хм, што е тоа? Алгоритам во основа е сет на инструкции или правила кои платформата ги следи за да одреди што да активира за да го добие најдобриот резултат.
Алгоритмот на ТикТок е како ваш личен дигитален водич. Претходно се веруваше дека поврзувањето на корисниците преку социјалните мрежи е клучно за успех. ТикТок тргна по друг пат. Секогаш кога нешто ќе лајкнете, коментирате или споделите, алгоритмот тоа го забележува и ви нуди слични содржини. Доста паметно, нели?
Форматот на кратки видеа на ТикТок игра огромна улога за алгоритмот да биде динамичен и приспособлив, без разлика дали скролате наутро, за време на паузата за ручек или доцна навечер, ТикТок добро знае каква содржина сакате да гледате.
Додека ЈуТјуб учи за вас од долги видеа, ТикТок впива информации од секоја секунда што ја гледате.
Друга предност на ТикТок во споредба со останатите мрежи е што од старт е креиран за смартфон, што го прави совршен за брзи, кратки видеа. ТикТок повремено ги изненадува корисниците со видеа од други категории, што му дава впечаток на динамика и свежина.
Алгоритмот е сржта на ТикТок и е толку значаен што компанијата БајтДенс попрво би ја изгасила апликацијата отколку да го продаде.
И, тоа е речиси се што треба да знаете. Следниот пат кога ќе скролате низ ТикТок и ќе видите содржина како да е направена само за вас, потсетете се дека, токму тоа е и замислата.