Култура
1 мин читање
Одржана изложба и дискусија за „Османлискиот период во Македонија“
На изложбата „Албумите Јилдиз на султанот Абдулхамид Втори: Изложба за Македонија“ беа прикажани историски фотографии од Фотографската колекција на палатата Јилдиз, нарачана од самиот султан
Одржана изложба и дискусија за „Османлискиот период во Македонија“
Изложба „Османлискиот период во Македонија“
пред 9 часа

Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) беше домаќин на културен и академски настан, кој ги вклучуваше изложбата „Албумите Јилдиз на султанот Абдулхамид Втори: Изложба за Македонија“ и панел-дискусијата „Османлискиот период во Македонија“, пренесува Анадолу.

Како што соопштува ИБУ, настанот беше организиран во соработка со Претседателството за Туркије во странство и сродните заедници (ИТБ) и Министерството за култура и туризам на Република Туркије. Присутни беа академици, студенти и истакнати гости, истакнувајќи го заедничкото историско и културно наследство на регионот.

Овие внимателно зачувани слики од доцниот османлиски период го истакнуваат македонското архитектонското, културното и социјалното наследство под османлиска власт. Посетителите имаа можност да ја истражат богатата визуелна историја што го поврзува минатото со сегашноста.

По изложбата, експертскиот панел понуди подлабок увид во османлиската ера во Македонија. Проф. д-р Мехмет Инбаши и вон. проф. д-р Ејуп Кул одржаа презентации за Македонија во османлискиот период.

На отворањето ректорот на ИБУ, проф. д-р Лутфи Сунар, претседателот на ИТБ, Абдулах Ерен, и амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, одржаа говори, нагласувајќи ги силните културни врски меѓу Туркије и Северна Македонија.

ИБУ истакна дека активноста, покрај тоа што овозможи академско истражување на отоманскиот период, ги зајакнува и трајните културни и историски врски меѓу Туркије и Северна Македонија.

повеќе
Ал Шара: Мора да ги зачуваме единството и безбедноста на Сирија
Уште пет бебиња починаа од смрзнување во Газа
Зеленски ќе остане претседател на Украина до крајот на војната
Западен Брег: 12.000 Палестинци протерани од кампот Тулкарем
Милановиќ: Со пресудата сакаат да го тргнат Додик од политичката сцена
Русија го прифаќа извинувањето на Вучиќ во врска со гласањето на Србија во ОН
Унгарија нема да го спроведе мигрантскиот пакт на Европската Унија
Куртоа се враќа во белгиската репрезентација
Ватикан: Здравствената состојба на Папата Франциск е минимално подобрена
Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните на Србија за резолуцијата во ОН
Стуб: САД немаат стратегија за ставање крај на руско-украинската војна
КФОР и МО на Косово: Војниците од САД нема да бидат повлечени
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина
МИТ го уапси терористот Темир Џуканџи осомничен за нападите во Хатај
Уште една масовна гробница откриена во Дамаск
Погледнете TRT Global. Споделете го вашето мислење!
Contact us