Цената на биткоинот падна за 8 отсто во средата од нивото од понеделникот, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно усвојување на одложените зголемени царини за Мексико и Канада.
Трамп во понеделникот рече дека тарифите за Канада и Мексико „ќе продолжат напред“, бидејќи едномесечната пауза ќе заврши следната недела.
„Ние на време преземавме се околу тарифите, и се чини дека работите се движат многу брзо. Бевме третирани многу лошо од повеќе земји, не само од Канада и Мексико. Бевме искористени“, рече претседателот Трамп.
Обемот на трансакциите на Биткоин во последните 24 часа изнесуваше околу 73,6 милијарди долари.
Во јануари, цената на биткоинот ја забележа највисоката вредност досега од околу 109.000 долари поради инаугурацијата на Трамп.
Цената на Етериум исто така се намали за 12,2 отсто до 2.484 долари во истиот период.